КДС

Алберт Ајнштајн 8/18, 

1000 Скопје

Email: centarkds@yahoo.com 

           kdsa@t-home.mk 

Phone: +389 (2) 3215 026

© 2019 КДС Центар за обука и развој на кадри  |  Услови за користење  |   Политика за заштита на приватност

ЗА НАС >

КДС - Центарот за обука и развој на кадри е формиран 1993 година и е прв Центар за обука на кадри за современото административно и бизнис работење во Република Македонија.​

КДС е акроним на она што е мото и препознатлив печат на работењето на фирмата:
Комуникација, Деловност, Стил.

Целта на КДС е да креира, да развива и да претставува модел за унапредување во сферите на: современото административно и бизнис работење, на образованието, финансискиот менаџмент, проектниот менаџмент, како и во обуките за квалификација, доквалификација и преквалификација од различни области, при што центар на активностите да биде професионалниот однос на поединецот, развојот на неговите знаења, вештини и ставови за успешно интегрирање во деловниот свет.

Во својата долгогодишна работа КДС има обучено кадри кои се база за успешно одвивање на многу дејности.


Обучени и усовршени врз модерните начела и содржини на едукација на деловни и административни кадри, тие стануваат успешни, самостојни раководители или неопходни соработници на менаџментот во јавниот, невладиниот и бизнис секторот.

КДС е независен Центар, ослободен од сите политички и индивидуални интереси, во обид да дефинира прифатливи и корисни цели и да развива стратегии за успешност.

„Важно е што работите, но уште поважно е како работите"  

Ким Ву Чунг.

Нашата Мисија

Центарот за обука и развој на кадри да обезбеди современо образование за возрасни, без разлика на полот, возраста, етничката припадност и други различности.

 

Нашата Визија

Центарот за обука и развој на кадри да обезбеди современо образование за возрасни, без разлика на полот, возраста, етничката припадност и други различности.

ОБУКИ

Центар за обука и развој на кадри