КДС

Алберт Ајнштајн 8/18, 

1000 Скопје

Email: centarkds@yahoo.com 

           kdsa@t-home.mk 

Phone: +389 (2) 3215 026

© 2019 КДС Центар за обука и развој на кадри  |  Услови за користење  |   Политика за заштита на приватност

УСЛОВИ ЗА УПОТРЕБА >

УСЛОВИ ЗА УПОТРЕБА НА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦАТА http://www.kds.com.mk/

Во продолжение се правилата и условите под кои може да ги користите содржините на КДС.
Ве молиме, пред почетокот на користењето на сајтот да се запознаете со нив, со цел да се избегнат евентуалните идни недоразбирања и последици во врска со тоа.

Веб страница http://www.kds.com.mk/ (во понатамошниот текст: КДС) е гласило на КДС ДООЕЛ, а ја уредува уредувачкиот одбор КДС промо (во понатамошниот текст уредувачкиот одбор, КДС промо или ние).

Со првата употреба на КДС, ќе сметаме дека сте целосно запознаени со условите, дека ви се јасни и дека ги прифаќате. Ако не се согласувате со нив, ве молиме да не пристапувате на оваа страница и да не ги користите нејзините содржини. Доколку имате какви било прашања или нејаснотии во врска со овие услови за користење, ве молиме, да се обратите на нашето уредништво на e-адресата: centarkds@yahoo.mk

Изгледот и содржината на КДС, како и условите за користење можно е поради определени причини да ги менуваме, па поради тоа, ве молиме, истите повремено да ги проучите за да бидете во тек со можните измени. Ќе сметаме дека вашето користење на КДС претставува ваша согласност со сите евентуални промени.

КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА КДС

Без оглед дали сте регистриран корисник или не, користењето на материјалите и содржината на КДС е дозволено само за лична употреба.

НЕ Е ДОЗВОЛЕНО:

  1. Објавување, праќање, поставување и / или размена на содржини со кои се повредуваат важечките прописи на Република Македонија, вклучувајќи ги невистинитите, навредливи, заканувачки, прости, малтретирачки, вулгарни, расистички или други содржини кои поттикнуваат омраза од кој било вид, како и содржините со кои се врши повреда на туѓите авторски права и други права на интелектуална сопственост, неовластено откривање на информации што претставуваат деловна или друга тајна, лични податоци од трети лица или се повредува право на посебност на третo лице.

  2. Објавување, праќање, поставување и / или размена на содржини со кои се кршат правата на децата, правото на приватност на останатите корисници или трети лица преку сите содржини на КДС, вклучувајќи ги и приватните пораки.

  3. Отворено или прикриено рекламирање на какви било комерцијални производи или услуги преку КДС, вклучувајќи ги и приватните пораки.

  4. Употреба на содржини и функции на КДС на начин кој може да ни штета нам, на останатите корисници, на нашите партнери или на која било трета страна.

  5. Лажно претставување со цел закана, манипулација, измама или доведување во заблуда на нас, на останатите корисници, на нашите партнери или на која било трета страна, по пат на содржините на centarkds@yahoo.mk вклучувајќи ги и приватните пораки.

  6. Објавување, праќање, поставување или размена на несакани содржини на корисниците или на трети лица без нивна претходна согласност или барање, вклучувајќи и повеќекратно испраќање на материјал со иста или многу слична содржина (spamming), верижни писма, пирамидални шеми, итн.

  7. Какво било попречување или оневозможување на користењето на КДС на други корисници.

  8. Свесно објавување, испраќање, поставување и / или споделување на содржини што содржат вируси, црви, компјутерски кодови, бази на податоци и програми кои можат да доведат до нарушување, ограничување на работата или уништување на било кој компјутерски софтвер или која било компјутерска или друга опрема.

  9. Неовластено собирање, складирање, пренесување и користење на какви било лични податоци на корисниците на КДС.

  10. Користење на која било содржина или нејзин дел за комерцијални цели без претходна писмена дозвола.

​​​

Со користењето на содржините на centarkds@yahoo.mk, вие се согласувате нашето уредништво да ги контролира содржините што ќе ги испратите, објавите, поставите или разменувате и ќе утврди дали се во согласност со правилата и прописите што се применуваат. Сепак, пред објавувањето, ние не ja прегледуваме или обработуваме содржината на корисникот. Со оглед на тоа дека нашиот надзор не е системски, ние не гарантираме дека содржините што ќе се појават на веб-страницата centarkds@yahoo.mk, а објавени од корисниците ќе бидат вистинити, односно дозволени согласно со условите на користење или на располагање, ниту пак гарантираме за потеклото на таквите содржини.

Во случај на објавување содржини што го прекршуваат основниот концепт и смислата на КДС и кои со тоа предизвикуваат или би можеле да предизвикаат какви било проблеми или конфликтни ситуации, без оглед на тоа дали се работи за содржини дозволени со Условите за користење или не, го задржуваме правото да ги отстраниме без објаснување –во зависност од нашата процена на ситуацијата.

Ве повикуваме да не контактирате доколку при користење на КДС забележите содржини што се во спротивност со овие услови за користење. На секоја содржина се наоѓа линк со кој може директно да ja контактирате Редакцијата и да пријавите секој таков случај или, пак, може да ни пратите е-пошта на centarkds@yahoo.mk.

Доколку утврдиме дека материјалот што корисникот го доставил, објавил или поставил e во судир со условите за користење и прописите што се применуваат, редакцијата го задржува правото да ја одбие објавата, да ја измени или да отстрани таков материјал без претходна согласност или известување. Исто така, во зависност од сериозноста и зачестеноста на повредите, ние го задржуваме правото на раскинување на сметката на регистрираниот корисник како последно средство, ако тоа го сметаме за потребно. Не одговараме за каква било штета, директна или индиректна, која би била предизвикана од таквата постапка на кој било корисник или трето лице. Без оглед на фактот дека имаме право да ја следиме содржина, вие сте целосно и исклучително одговорни за содржините што ќе ги објавите, вчитувате или разменувате на КДС. Со користење на содржината на КДС вие се согласувате, до највисоката мерка што е дозволена со важечките правни прописи, КДС промо да не презема никаква одговорност за каква било постапка, пропуст при објавување, поставување или споделување на такви содржини, ниту нивните можни последици, како ни одговорност за штета причинета на други корисници или трети лица поради објавувањето на таквите содржини.


Во случај на непочитување на одредбите за содржините и активностите од Условите за користење, сите корисници и трети лица ќе ги трпат соодветните законски последици, односно ќе одговараат за која било штета што со недозволените постапки или објави, односно поставување на забранети содржини, ќе ни биде предизвикана нам, на останатите корисници или на трети лица.

СОДРЖИНИТЕ НА КДС

На страниците на КДС ви e овозможено да користите разни содржини и функции. Содржините ги создаваме ние, нашите соработници и партнери, но и вие, корисниците.

Страницата „КДС“ е во изработка и би требало да биде целосно завршена и во функција до 2019 година. До тогаш на располагање ви се опциите за коментари. Останатите интерактивни опции ќе бидат во функција по нејзиното целосно завршување.

Ние ќе вложиме разумен напор КДС и сите негови содржини и функции да ви бидат достапни во секое време, во согласност со овие услови за користење.

Содржината на нашите партнери и на трети страни.

Нашиот Уредувачкиот одбор го задржува правото да следи дали содржината на нашите партнери е во согласност со важечките прописи во Македонија. Но ние не ја гарантираме веродостојноста на туѓите содржини, достапноста или потекло на таквите содржини.
Објавувањето содржини од нашите партнери во КДС не значи дека тие претставуваат наши ставови, мислења или препораки, или дека ние се согласуваме со нив или дека ги поддржуваме на кој било начин.

До максимално дозволен степен согласно Законот, ја отфрламе секоја одговорност за штета причинета врз други корисници и трети лица во врска со користење или потпирајќи се на некој од нашите партнери за содржини, како и производи или услуги од нашите партнери. Ако имате какви било прашања или прашања во врска со содржината на нашите партнери, ве молиме, контактирајте го нашиот персонал на e-mail адреса centarkds@yahoo.mk.

ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

На страниците на КДС се појавуваат материјали чии содржини се заштитени со авторски права (на пример: текстови, фотографии, скици и сл.) и други права на интелектуална сопственост (логотипи, заштитни знаци и сл.). Секој корисник на веб-страницата на КДС има сопствена одговорност за почитување на туѓото авторско право и другите права на интелектуална сопственост кои се однесуваат на содржините достапни на веб-страницата КДС. Искрено ве замолуваме, добро да се запознаете со содржините на овој дел, за во целост да ги почитувате туѓите права на интелектуална сопственост. Во случај на двосмисленост или одредени неразбирања, ве молиме, контактирајте го уредничкиот одбор на centarkds@yahoo.mk.

Општи правила. Содржините заштитени со авторски права, како корисник може да ги користите само за лична, некомерцијална употреба.

НЕ ДОЗВОЛУВАМЕ:

  1. Користење на содржините што се наоѓаат на веб-страницата КДС во комерцијални цели. Тоа вклучува преземање, репродуцирање, изнајмување, дистрибуирање или објавување во јавност без претходна писмена согласност на КДС.

  2. Содржините што се наоѓаат на веб-страницата КДС да се користат за промоции, односно рекламирање на каков било производ или услуга, без претходно писмено одобрение од КДС.

  3. Измена, превод, адаптација или каква било преработка на содржините во комерцијални цели, без претходно писмено одобрување од КДС.

​​​

Се обврзуваме без одлагање да испитаме секоја пријава што е поврзана со повреда на некоја содржина, особено доколку со неа е побарано отстранување на содржина од одредена страница. Во тој случај од корисникот очекуваме максимална соработка при утврдување на фактите. Доколку утврдиме дека пријавената постапка е спротивна од одредбите за користење, таквата содржина ќе ја отстраниме од веб-страницата КДС без претходно известување на корисникот, а во зависност од случајот, ќе ја разгледаме и можноста за укинување на корисничката сметка.

Со користењето на веб-страницата КДС, вие сте свесни дека насловите, сликите, текстовите, логоата, графичките прикази и другите содржини се заштитени со различните права на интелектуална сопственост, чии носители се КДС или трети лица. Без оглед на вашето користење на веб-страницата КДС, како регистриран или како нерегистриран корисник, вие не го стекнувате правото на користење (лиценца) на кое било авторско дело, чиј носител е КДС или трето лице. Тоа се однесува на секое авторско дело што се наоѓа на веб-страницата КДС, освен доколку на одделно авторско дело не е поинаку наведено нешто друго.

Вашата содржината на КДС.

Ако се регистрирате како корисник на КДС, имате можност да објавувате, внесувате (upload) и разменувате свои содржини како што се текстови, фотографии, видео и слично. Свесни сте дека тие материјали ќе ни бидат достапни и нам, на други корисници и на трети лица. 

Во моментот на предавање, вчитување или разменување на такви содржини, секој корисник во корист на КДС, обезбедува бесплатно, неисклучиво, просторно, содржинско и неограничено право на искористување на таа содржина и материјали. Врз основа на тоа, според важечките македонски прописи, ние ќе бидеме овластени да ги извршуваме имотните права во однос на тие содржини и материјали, вклучувајќи и објавување на материјалите во информациите за новините (e-newsletter) на веб-страницата на КДС, како и користење и дистрибуција на материјали за промотивни цели, без оглед на медиумите до други корисници, партнери и трети лица, репродукција, модификација, дисплеј, во целина или во делови, без потреба за дополнителни дозвола.

Вие имате право во содржините што ги објавувате или внесувате на веб-страницата КДС, да го ставите вашето име и презиме како автор на материјалот. При објавувањето имате право да одберете дали со содржината ќе се појави вашата корисничка сметка или вашето име и презиме. 

Ваша гаранција.

Кога објавувате или внесувате содржини на веб-сајтот КДС, вие ни ги давате следниве гаранции во поглед на содржините што ги испраќате, објавувате или внесувате на веб-страницата КДС:

  1. Дека сте автор на тие содржини, односно носител на авторското право и/ или на други права од интелектуалната сопственост и дека сте овластени да засновате во корист на ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА соодветни права во согласност со наведените услови на користење.

  2. Дека материјалите се ваши или сте ги стекнале согласно закон,

  3. Дека користењето на тие содржини нема да ни причини штета, материјална или нематеријална, нам, на други корисници или на трети лица. 

  4. Дека појавата на содржини заштитени со авторски права или други права на интелектуална сопственост во каква било форма не е кршење на правата на трети лица, вклучувајќи особено авторски и други права на интелектуална сопственост, 
    углед, чест и достоинство, правото на приватност и други права на приватност на трети лица. 

  5. Дека објавените содржини според вашето знаење се вистинити и точни.

​​​

Со ова се согласувате сите евентуални побарувања за надомест на штета, кои ќе бидат доставени до КДС, а заради ваша повреда на горенаведените гаранции, да ги преземете на себе, односно на КДС и на други оштетени страни да им ги надоместите сите трошоци настанати поради прекршување на гаранциите. 

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА ЗА ШТЕТА

Содржините што корисниците непосредно ќе ги испратат, објават или внесат на веб страницата КДС, во било кој обли се земаат исклучиво „онакви какви што се", односно „како што се достапни", па затоа не се сметаме за одговорни за можните последици, вклучувајќи било каква штета што може да им биде предизвикана на останатите корисници или трети лица, а која може да биде предизвикана од различните толкувања на содржините што се наоѓаат на страниците на КДС. 


И покрај разумно вложените напори, не гарантираме дека на веб страната КДС, сите нејзини содржини секогаш ќе бидат достапни, односно дека можат да се појават одредени грешки и и системски проблеми кои би можеле да предизвикаат штета на останатите корисници или трети лица (на пр.- вируси, црви и сл.)

До најголема допуштена мерка согласно важечките правила и прописи, ја исклучуваме одговорноста:

  1. за било каква штета настаната врз корисниците или врз трети лица заради објавување на забранети содржини спротивно условите за користење од страна на корисниците на веб страницата КДС

  2. за било каква штета која корисниците или трети лица би можеле да ја претрпат при користењето на КДС, особено во случаи на злоупотреба, уништување или оштетување на содржините или функциите, злоупотреба на корисничката сметка и слично,

  3. за штета предизвикана на корисниците или трети лица, поради повреда на нивното авторско право или друго право на интелектуална сопственост, од страна на други корисници на веб страницата КДС

  4. за било каква штета настаната врз корисниците или врз трети лица, заради привремена недостапност на веб страницата КДС, односно оделни содржини или функции.

  5. за било каква штета настаната врз корисниците или врз трети лица, заради измена или укинување на оделни содржини, функции, услуги, дизајн, концепција, кориснички сметки или целата веб страница КДС

  6. за било каква штета настаната врз корисниците или врз трети лица, поврзана со користењето на интернет страници на трети лица , на кои им е овозможено објавување по пат на линк на веб страницата КДС.

Центар за обука и развој на кадри