КДС

Алберт Ајнштајн 8/18, 

1000 Скопје

Email: centarkds@yahoo.com 

           kdsa@t-home.mk 

Phone: +389 (2) 3215 026

© 2019 КДС Центар за обука и развој на кадри  |  Услови за користење  |   Политика за заштита на приватност

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА http://www.kds.com.mk/

Почитувани, вие, нашите посетители сте нашиот највреден потенцијал, па затоа и ви пристапуваме со посебно внимание во една отворена и одговорна комуникација, за да ја стекнеме вашата доверба и за да ги задоволиме вашите очекувања. КДС се обврзува да ги штити личните податоци, особено кога се работи за деца кои ја посетуваат страницата КДС. Текстот што следи ќе ве упати во тоа.


Нашата Политика за заштита на лични податоци на веб-страницата КДС, со време може и да се менува, па затоа ве замолуваме повремено повторно да ја препрочитате, за навремено да бидете запознаени со евентуалните промени. Ќе сметаме дека вашето понатамошно користење на КДС претставува и прифаќање на сите измени.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ - ОПШТО

Личен податок. Личен податок е секоја информација што се однесува на идентификуваната личност, односно лицето кое може вистински да се идентификува со тој податок (на пример: име и презиме, адреса, број на телефон, адреса на електронската пошта и слично).

Целта на собирање податоци. Личните податоци ги собираме со цел да ги подобриме квалитетот на содржините, функционалноста и услугите на КДС; за да можеме да ги задоволиме вашите интереси и потреби; можност да ве информираме за постоечките и за новите содржини, функционалности и услуги на КДС, што вам би можеле да ви бидат од интерес. 


Сметајте дека давањето на вашите лични податоци е доброволно. Не бараме да ни "откриете" повеќе од она што е навистина потребно за ваше учество во некоја од активностите на нашите страници.

При регистрација ќе ги побараме следните лични податоци: вашето име и презиме, адреса на живеење, град, адресата на електронската пошта. Покрај тоа, доколку сакате, имате можност да внесете и дополнителни лични податоци.

Од личните податоци што задолжително ги бараме при регистрација (вашето име и презиме, татково име, адреса, телефон, адресата на електронската пошта) и оние што доброволно ќе ги внесете, нема да бидат видливи за останатите корисници. Со пополнувањето на пристапницата на веб-страницата КДС, давате јасна дозвола вашите лични податоци што сте ги внеле да се собираат со цел и на начин предвиден со нашата Политика за заштита на лични податоци а согласно Законотот за заштита на лични податоци на РМ.

СОБИРАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

КДС ќе ги собира и ќе ги обработува вашите лични податоци, согласно Законот за заштита на лични податоци и други важечки прописи во Република Македонија.

Ваша дозвола. Вашите лични податоци ги собираме и ги користиме само врз основа на ваша слободно дадена дозвола и изречна согласност дека личните податоци што сте ни ги дале при регистрација и користење на веб-страницата, ги собираме и ги користиме во цел одредена со овие правила. Вашата согласност ќе ја побараме при пополнувањето на e-образецот достапен на веб-страницата КДС. Со кликнувањето на копчето „се согласувам со одредбите од УСЛОВИ ЗА УПОТРЕБА, ПРИВАТНОСТ и КАКО СЕ КОРИСТИ КДС “ автоматски се согласувате со наведените одредби.

Чување на личните податоци. Собраните лични податоци ги чуваме во електронски облик и ги применуваме соодветни организациски и кадровски мерки и процедури за да спречиме евентуално неовластено пристапување кон личните податоци што не се достапни на останатите корисници, како и да осигуриме дека тие се користат во согласност со нашата Политика за заштита на лични податоци и прописи што се применуваат.

Електронски пораки. Кога ни испраќате електронска пошта со ваши лични податоци по кои е можно да ве идентификуваме, без оглед дали се работи за електронска пошта со прашање или коментар, ние тие податоци ги користиме само за да ги исполниме вашите барања. Можно е вашата електронска порака да ја препратиме кон некој авторитет со цел да одговориме на вашето прашање, односно да го задоволиме вашето барање.

Ваш пристап до личните податоци и бришење. Вашите лични податоци кои сте ни ги направиле достапни при регистрација на веб-страницата КДС, ќе ги чуваме за време на постоењето на веб-страницата КДС, односно сè додека трае и вашата регистрација. Потоа, вашите лични податоци ќе ги избришеме.


Чување на личните податоци. Личните податоци што сте ги направиле достапни при регистрација на веб-страницата КДС, ќе ги чуваме за време на постоењето на веб-страницата КДС, односно сè додека трае и вашата регистрација. Потоа, вашите лични податоци ќе ги избришеме.
Доколку доставите некое такво побарување, ние ќе вложиме разумни напори да го потврдиме вашиот идентитет и да спречиме неавторизиран пристап до личните податоци.

Податоци на трети лица. Оставање податоци од други лица целосно се на ваша одговорност. На пример, контакти оставени во коментарите што покажуваат или наведуваат лични податоци на трети лица се целосно ваша одговорност. За сите штети настанати од објавување на вакви податоци одговарате вие, a КДС целосно се оградува од секаква одговорност за каква било штета или повреда настаната од вашата објава.

Правила за заштита на личните податоци на други веб-страници/трети лица. На страниците на КДС можеби ќе пронајдете линкови на други веб-страници или портали. Правилата за заштита на лични податоци на тие портали можат да бидат поинакви од правилата на КДС. Такви трети лица можат од вас, за свои потреби, да побараат одредени лични податоци. Во тој случај, кога вашите лични податоци ги испраќате непосредно на тие трети лица или на страниците на други портали не се применуваат Условите за користењена веб-страницата КДС, ниту, пак, нашата Политика за заштита на лични податоци. Затоа, ве молиме да се запознаете со правилата за заштита на лични податоци што се применуваат на страниците на некој друг портал, односно трето лице.

Ограничување на одговорноста. Иако преземаме достапни технички, организациски и кадровски мерки со цел спречување на неовластено откривање и користење на вашите лични податоци, не можеме да гарантираме дека никогаш некои од собраните податоци нема случајно да бидат откриени, спротивно на одредбите на Политиката за заштита на лични податоци. До максимално дозволен степен, согласно Законот, ја отфрламе секоја одговорност за штета причинета врз други корисници и трети лица поради случајно откривање на лични податоци.

Бидејќи немаме контрола над личните податоци што ги доставувате при пристап или користење на други портали, односно трети лица, до максимално дозволен степен, согласно Законот, ја отфрламе секоја одговорност за штета што може да ви биде предизвикана вам или на трети лица поради доставување на лични податоци.

Сигурност на податоците. Поради сигурност на податоците на веб-страницата КДС, како и сигурност на содржините, функционалноста и услугите на КДС, овој компјутерски состав користи софтвер што ги следи посетите на мрежата и ги препознава неовластените обиди за промена на податоците, како и оние што би можеле да предизвикаат штета на некој друг начин. Неовластените/неавторизираните обиди за измена на податоци на веб-страницата КДС се строго забранети. Неавторизираните обиди за измена на податоци на веб-страницата КДС се строго забранети.

Центар за обука и развој на кадри