КДС

Алберт Ајнштајн 8/18, 

1000 Скопје

Email: centarkds@yahoo.com 

           kdsa@t-home.mk 

Phone: +389 (2) 3215 026

© 2019 КДС Центар за обука и развој на кадри  |  Услови за користење  |   Политика за заштита на приватност

 

ЕКСПЕРТИЗА >

Office manager

Mondays

4:30 pm

ПО ДЕВЕТНАЕСЕТ ГОДИШНО ИСКУСТВО ЗА ОБУКА НА ПРОФИЛОТ СЕКРЕТАР КДС ГО НУДИ КУРСОТ ЗА OFFICE MANAGER СПОРЕД ПРОГРАМА КОЈА ГИ СЛЕДИ СВЕТСКИТЕ СТАНДАРДИ, А ВОЕДНО ПРИЛАГОДЕНА НА МАКЕДОНСКИТЕ ДЕЛОВНИ И ДРУГИ СУБЈЕКТИ.

Курсот ги опфаќа следните области:

  • Професионален профил на деловниот асистент

  • Управување со времето

  • Развивање на вештини за успешно деловно комуницирање

  • Справување со конфликтни ситуации на работното место и надминување на организацискиот стрес

  • Односи со јавност, јавен настап и вештини на презентација

  • Протокол и бонтон во секретарската професија

  • Работна и деловна етика

  • Основи на архивското, административното и правно работење

  • Основи на финансиско работење

  • Деловна писмена комуникација и култура на говор

  • Деловна коресподенција на англиски јазик

  • Примена на информациона техннологија во канцелариското работење

Курсевите се наменети за кандидати со ССС И ВСС.

Наставата се реализира во мали групи од експерти од дадените области следена со соодветен работен материјал.

Обуката трае 8 недели (64 часа)

Деловни секретари

Tuesdays

10:00 am

KУРС ЗА OFFICE MANAGER СПОРЕД ПРОГРАМА СПОРЕД АКТУЕЛНИТЕ СВЕТСКИТЕ СТАНДАРДИ, ПРИЛАГОДЕНА НА МАКЕДОНСКИТЕ ДЕЛОВНИ И ДРУГИ СУБЈЕКТИ.

По шеснаесетгодишно искуство за обука на профилот секретар КДС го нуди курсот за Office Manager според Програма која ги следи светските стандарди, а воедно прилагодена на македонските деловни и други субјекти.

Курсот ги опфаќа следните области:

  • Функција на секретарот во организацијата;

  • Координација и организација на работата;

  • Комуникациски вештини;

  • Работна и деловна етика;

  • Основи на архивското, административното и правното работење;

  • Основи на комерирцијалното и финансиско работење;

  • Деловна писмена комуникација и култура на говор;

  • Деловна коресподенција на англиски јазик;

  • Примена на информациона технологија во канцелариското работење;

  • Протокол и бонтон во секретарската професија.

Курсевите се наменети за кандидати со ССС И ВСС.

Наставата се реализира во мали групи од експерти од дадените области следена со соодветен работен материјал.

Обуката трае 3 месеци (96 часа)

Административни работници

Saturdays

11:30 am

ПРАКТИЧНИ ЗНАЕЊА ОД ОБЛАСТИТЕ ОПФАТЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

Курсот е дизајниран за нестопански субјекти

Програма за работа, теми

  1. Професионален профил на административниот работник 

  2. Управување со времето 

  3. Развивање на вештини за успешно деловно комуницирање 

  4. Справување со конфликтни ситуации на работното и надминување на организациски стрес 

  5. Деловен бонтон 

  6. Основи на архивското, административното и правното работење 

  7. Деловна писмена комуникација и култура на говор 

  8. Примена на информациона технологија во кацелариското работење 

 

Цел на курсот: Стекнување на практични знаења од областите опфатени во програмата, со што слушателите ги подигнуваат сопствените квалификации на повисоко ниво.

 

Целна група: технички секретари и административни работници, студенти

 

Број на слушатели: 10-15 слушатели

 

Времетраење: 5 недели

 

Фонд на часови: 40 наставни часа ( за група од работна организација/институција, програмата може да се усогласи според потребите и барањата на организацијата, како и динамиката и траењето на курсот).

Методи на настава: предавања, работилници, вежби, симулации, студии на случај, интерактивен наставен приод.

Овој курс исто така може да се одржи во вид на семинар во два викенди по договор.

Курс за лични асистенти

Tuesdays

10:00 am

СТЕКНУВАЊЕ НА ПРАКТИЧНИ ЗНАЕЊА ОД ОБЛАСТИТЕ ОПФАТЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

Програма за работа, теми:

  • Функцијата на личниот асистент во работната организација

  • Организација и координација на работата

  • Oснови на административното и правно работење

  • Деловна комуникација и управување со времето

  • Деловна етика, работна етика и етика во јавниот сектор

  • Финансиски аспекти на работењето

  • Култура на говорот (писмено и усно изразување)

  • Деловна коресподенција на англиски јазик

  • Компјутерска база на податоци

  • Односи со јавноста и деловна презентација

  • Протокол - Бонтон

Цел на курсот: Стекнување на практични знаења од областите опфатени во програмата, со што слушателите ги подигнуваат сопствените квалификации на повисоко ниво.

Целна група: секретари и други профили кои сакаат да се здобијат со квалификации за личен асистент, најмалку ССС, студенти.

Број на слушатели: од 10 - 15 слушатели.

Времетраење: 6 недели.

Фонд на часови: 48 наставни часови (за група од работна организација/ институција, траењето и динамиката на курсот – по договор).

Материјали: Секој слушател добива материјали од обуката.

Методи на настава: предавања, работилници, вежби, симулации, студии на случаи, интерактивен наставен приод.

Овој курс исто така може да се одржи во вид на семинар во неколку викенди по договор.

Писмена комуникација

Saturdays

11:30 am

ПОДИГАЊЕ НА СОПСТВЕНИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ НА ПОВИСОКО НИВО

Курс за писмена комуникација и десетпрстно слепо работење на тастатура

Програма за работа, теми:

  1. Совладување на техниката на десетпрстно слепо работење на тастатура

  2. Типизирање на обрасци на писмени акти

  3. Култура на писмено изразување

Цел на курсот: Стекнување на практични знаења од областите опфатени во програмата, со што слушателите ги подигнуваат сопствените квалификации на повисоко ниво.

Целна група: технички, деловни секретари, административниработници и сите останати заинтересирани со најмалку ССС, студенти

Број на слушатели: од 10 - 15 слушатели

Времетраење: 5 недели

Фонд на часови: 40 наставни часови (за група од раб. организација/ институција, траењето и динамиката на курсот – по договор)

Материјали: секој слушател добива материјали од обуката

Методи на настава: предавања, работилници, вежби, симулации, студии на случаи, интерактивен наставен приод

Обука за сметководство

Tuesdays

10:00 am

ОСПОСОБУВАЊЕ ЗА РАБОТА ВО ПОЛЕТО НА КНИГОВОДСТВЕНО - СМЕТКОВОДСТВЕНАТА ЕВИДЕНЦИЈА И САМОСТОЈНО ИЗГОТВУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ

Цел на курсот: Оспособување за работа во полето на книговодствено - сметководствената евиденција и самостојно изготвување на финансиски извештаи за еден правен субјект.

Целна група: Кандидати со ССС и ВСС.

Метод на работа: Предавања, работилници, вежби, студии на случаи, интерактивен наставен приод.

Работа во мали групи, со 10 -15 учесници по група, со користење на интерактивни методи на едукација.

Евалуација: Евалуацијата ќе се спроведува редовно после завршувањето на секој дел од курсот преку практични вежби и кратки тестови за проверка на знаењето.

Програма за работа, теми:

  • Вовед во сметководство

  • Дефиниција за средства и нивна евиденција

  • Деловни настани

  • Приходи и расходи

  • Парични средства

  • Евиденција на трговски стоки

  • Пресметување на плати и придонеси и даноци од плати

  • Данок на додадена вредност

  • Утврдување на финансиски резултат од редовно работење

  • Финансиски извештаи

Паралелно со презентација на гореспоменатите теми ќе бидат коментирани и позитивните законски прописи во Р.М. кои се однесуваат на темите.

Менаџмент

Saturdays

11:30 am

ГИ ОБРАБОТУВА РАЗЛИЧНИТЕ ФОРМИ НА МЕНАЏМЕНТ ПО ПОТРЕБА НА ПРИЈАВЕНАТА ГРУПА

Топ менаџмент

  • Улогата на топ менаџерот денес

  • Лични особини на современиот менаџер

  • Успешна комуникација и етика

  • Водство

  • Менторство

  • Стратешко планирање

  • Претприемништво

  • Менаџирање со тим

  • Справување со стрес и разрешување на конфликти/ преговарање

  • Односи со јавноста и успешна деловна презенатција

  • Унапредување на продажбата

  • Менаџмент на човечки ресурси

  • Меѓучовечките односи во фирмата и етиката во однесувањето (животна етика, работна етика и заедничко настапување)

 

Среден менаџмент

  • Успешна комуникација и етика

  • Работа во тим

  • Менторство

  • Неопходни вредности и вештини на поединецот за ефикасно справување со барањата на современата организација

  • Како да постигнам успех во работењето

  • Менаџмент на човечки ресурси

  • Меѓучовечките односи во фирмата и етиката во однесувањето (животна етика, работна етика и заедничко настапување)

 

Персонален и линиски менаџмент

  • Менаџмент на човечки ресурси

  • Мојот клуч за успех

  • Обука за подобрување на концентрацијата и помнењето

  • Работа во тим

  • Основи на маркетингот

  • Справување со стрес и разрешување на конфликти

  • Унапредување на продажбата

  • Секретарско работење

  • Административно и канцелариско работење

  • Шалтерско работење

  • Односи со јавноста и успешна деловна презенатција

  • Комуникација со клиенти

  • Менторство

 

Примери од реализирани теми:

МЕНАЏЕРОТ ВО ДЕНЕШНО ВРЕМЕ

  • Современата епоха во економијата и улогата на менаџерот во нивното раководење

  • Ефикасна комуникација - предуслов за личен и деловен развој

  • Менаџерската етика и стилот на раководењето

  • Принципите на деловната комуникација

  • Етички кодекси во економијата

  • Творечкиот пристап во менаџментот

 

УСПЕШНА КОМУНИКАЦИЈА И ЕТИКА - ПРЕДУСЛОВ ЗА ДЕЛОВЕН РАЗВОЈ

  • Етика на јавното дејствување

  • Меѓучовечките односи во Фирмата и етиката во однесувањето (животна етика, работна етика и заедничко настапување)

  • Стратегии за градење добри меѓучовечки односи (доверба, соработка, принцип на вистинитост, точност...)

  • Почитување, отвореност, разбирање и други форми на психологијата на комуникацијата

  • Елементи на комуникацискиот процес

  • Вештини на активно слушање и разјаснување

  • Запознавање со разликите во комуникациските стилови

  • Кодекс на однесувањето во бизнисот

 

ПРОМЕНАТА КАКО УСЛОВ И АГЕНС ЗА ЛИЧЕН И ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ

  • Феноменот на промената

  • Улогата на промените во општествениот живот (дефиниција, генеза, манифестации, предизвици)

  • Вредностите и етичките димензии на промените во нашиот живот

  • Психолошкиот процес на промените

  • Ефикасни начини за разбирање на промените и за справување со нив

Работилница на тема: Актуелните промени во современата организација

 

КОМУНИКАЦИЈА СО ЈАВНОСТА КАКО ФОРМА НА ДЕЛОВНАТА ЕТИКА

  • Деловната етика и улогата на личноста во нејзиното осуштествување

  • Односи со јавноста (цели, функции, задачи)

  • Деловната етика и нејзиното реализирање во современите деловни организации

  • Комуникација со јавноста во нашето општество

  • Деловната визија на фирмите и комуницирањето со јавноста

  • Стилот на личноста и комуникацијата

 

МОЈОТ КЛУЧ ЗА УСПЕХ

  • Основни карактеристики на современите организациски концепти

  • Како да постигнам успех во работењето

  • Неопходни вредности и вештини на поединецот за ефикасно справување со барањата на современата организација

 

Работилница на тема: Градење на позитивен селф - концепт преку развивање на вештина на позитивна комуникација и примена на јас - пораките

 

Работилница на тема: Приод и успешна реализација на поставена задача - проект

Финансиски менаџмент

Tuesdays

10:00 am

ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИСКИОТ МЕНАЏМЕНТ

1. Што е тоа финансиски менаџмент?

  • Цели на финансискиот менаџмент

  • Функции на финансискиот менаџмент

  • Финансискиот менаџмент и другите активности

  • Организација на финансиската функција

 

2. Финансиска анализа и финансиско планирање

  • Осврт на финансиските извештаи

  • Биланс на состојба

  • Биланс на успех

  • Извештај за акумулираната дибивка

  • Извештај за готовинските текови

  • Финансиска анализа

  • Видови финансиска анализа

  • Релативни показатели и стандарди

  • Дипонт анализа

  • Интерсекторска анализа

  • Анализа на трендот

 

3. Видови оперативни ризици

  • Каматен ризик

  • Девизен ризик

  • Инфлаторен ризик

  • Корпорациски ризик

  • Ризици поврзани со принципи на ликвидност, економичност, ефикасност и рентабилност

 

4. Управување со ризикот

  • Идентификација на ризикот

  • Мерење на ризикот

  • Контрола на ризикот

  • Осигурување од ризик

  • Минимизирање на ризикот

 

5. Алтернативни извори на финансирање на проектите

  • Проектно финансирање

  • Лизинг

  • Факторинг

  • Форфетинг

 

6. Практичен пристап

  • Практичен пример за изработка на кредитно барање

  • Практичен пример за подготовка на бизнис план и

  • Практичен пример за оценка на кредитното барање и бизнис планот

Образование

Saturdays

11:30 am

СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ОБУКИ КОИ СЕ ДИЗАЈНИРААТ СПОРЕД СПЕЦИФИЧНИТЕ ПОТРЕБИ НА ГРУПАТА ОД ДОМЕНОТ НА ОБРАЗОВАНИЕТО

СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ОБУКИ ОД ОБЛАСТИТЕ:

  • Современи начини за совладување содржини

  • Образование за возрасни

  • Обука на наставници

  • Аплицирање за проекти

  • Изработка на проекти

  • Проектен менаџмент

  • Тимска работа

  • Разрешување на конфликти, толеранција и предрасуди

 

Сите обуки се прилагодуваат кон конкретните потреби на групата која се пријавува. За подетални информации и договор контактирајте не директно.

Базични компетенции

Tuesdays

10:00 am

НА ВАШЕ БАРАЊЕ ОРГАНИЗИРАМЕ КУРСЕВИ ДИЗАЈНИРАНИ ЗА БАЗИЧНА ИЛИ НАПРЕДНА ОБУКА ОД ВЕШТИНИТЕ НЕОПХОДНИ ЗА КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ

Ако сметате дека ви недостасува искуство од некои од базичните вештини потребни за работа во секоја модерна канцеларија, аплицирајте за обука. 

Имаме подготвени обуки од следните области:

  • Деловна комуникација

  • Коресподенција на Англиски јазик

  • Коресподенција на Македонски јазик

  • Деловен Англиски

  • Деловен Италијански

  • Деловен Албански

  • Обуки за Англиски јазик

  • Обуки за Албански јазик

  • Обуки за информатика

Обуката започнува по формирање на група од најмалку 10 запишани. Пријавете се за конкретна област, а ние ќе објавиме упис за истата.

 
 
 
 
 
 
 
 

Центар за обука и развој на кадри