Актуелни обуки

Tab Image
Tab Image
Tab Image
Tab Image
Tab Image

За KDS

Feature ImageКДС - Центарот за обука и развој на кадри е формиран 1993 година и е прв Центар за обука на кадри за современото административно и бизнис работење во Република Македонија.

КДС е акроним на она што е мото и препознатлив печат на работењето на фирмата: Комуникација, Деловност, Стил.

Визија: Центарот за обука и развој на кадри да обезбеди современо образование за возрасни, без разлика на полот, возраста, етничката припадност и други различности.

Мисија: реализирање на квалитетна едукација и успешна интеграција на учесниците во деловниот свет.

Мото: „Важно е што работите, но уште поважно е како работите" Ким Ву Чунг

Целта на КДС е да креира, да развива и да претставува модел за унапредување во сферите на: современото административно и бизнис работење, на образованието, финансискиот менаџмент, проектниот менаџмент, како и во обуките за квалификација, доквалификација и преквалификација од различни области, при што центар на активностите да биде професионалниот однос на поединецот, развојот на неговите знаења, вештини и ставови за успешно интегрирање во деловниот свет.

Во својата долгогодишна работа КДС има обучено кадри кои се база за успешно одвивање на многу дејности. Обучени и усовршени врз модерните начела и содржини на едукација на деловни и административни кадри, тие стануваат успешни, самостојни раководители или неопходни соработници на менаџментот во јавниот, невладиниот и бизнис секторот.

КДС е независен Центар, ослободен од сите политички и индивидуални интереси, во обид да дефинира прифатливи и корисни цели и да развива стратегии за успешност.

   
Kds-publikacii
 
Advertisement

Newsletter

KDS започнува со редовна дистрибуција на Newsletter. Дозјнајте први за новите обуки, календар на активности, семинари и работилници...
Пријавете се бесплатно!

Соработници

Партнер - Агенција за привремени вработувања

Контакт детали

  • КДС ул.Рузвелтова бр.6 Скопје
  • тел/факс: +389 (2) 3213 409 +389 (2) 3215 026
  • centarkds@yahoo.com
  • kdsa@t-home.mk